spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Роденденски Олд Тајмери

Карпош: Роденденски Олд Тајмери

По повод традиционалната манифестација “Денови на Општина Карпош”, вчера  на плоштадот Делфина во населбата Влае, се одржа изложба на 70 возила-олд тајмери и на колекционерски предмети. Интересот на посетителите беше огромен како и на оние кои сакаа да ги погледнат и да се воодушеват од старо/новите возила. Целта, според организаторите, е дружење и презентација на сопсвениците на олд тајмерите од целата држава.

На собирот, освен домашните, беа присутни и пет гостински авто клубови. Советникот Дејан Лазаревски им подели благодарници на учесниците и на организаторите, како и на Амбасадорот на Холандија во Македонија, кој за прв пат беше дел од олд тајмер собирот.

-По четврти пат, во период од една година, се организира ваков настан на територија на Општина Карпош којшто го збогатува културно забавниот живот во Карпош. Овој настан е само дел од низата настани кои се одржуваат изминатите денови. Секој настан досега поминал со голема и одлична посетеност и интерес од граѓаните.Тоа е причина пповеќе да ја продолжиме нашата соработка со организаторите. – рече Лазаревски.

Во знак на благодарност до Општина Карпош, Здружението на олд тајмери “Љубители на класик мини”, додели плакета и торта во знакот на роденденот на локалната самоуправа.

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...