spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Ја зголемивме висината на правото на посебен додаток за 15% за...

МТСП: Ја зголемивме висината на правото на посебен додаток за 15% за сите подвидови на корисници

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија пратениците ги изгласаа измените на Законот за детска заштита и Законот за социјална заштита.

Со Законот за заштита на децата се уредува правото на посебен додаток, кој го има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее самостојно со него до навршени 26 години. Соочувајќи се со покачувањето на трошоците за живот Министерството за труд и социјална политика ги предложи измените на Законот за детска заштита. Со нив се предвидува зголемување на висината на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници со цел подобрување на финансиската состојба на корисниците на правото на посебен додаток.

На седницата беа изгласани и измените на Законот за социјална заштита. Целта на измените е да се овозможи родител кој има дете со попреченост да користи траен надоместок на порана возраст. Исто така се предвидува во корисниците на лична асистенција да бидат опфатени и лица со комбинирана попреченост.

Согласно донесените измени се намалува возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година  се грижеле за дете со попреченост без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 год. за жени и од 64 на 62 год. за мажи.

Додека во услугата за лична асистенција која опфаќа индивидуална помош и поддршка за лица од 18 до 65 годишна возраст се вклучуваат и лицата со комбинирани пречки.

Како Влада и Министерството за труд и социјална политика, продолжуваме да работиме на  унапредување на системот за социјална заштита. Се грижиме за нашите граѓани.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...