spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Заврши јавниот повик за субвенции за граѓани кои купиле...

Град Скопје: Заврши јавниот повик за субвенции за граѓани кои купиле Велосипеди

Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување  велосипеди е завршен.

Јавниот повик траеше од 26.08.2022 до 01.11.2022 година и на истиот аплицираа 1.370 граѓани.

Целта на јавниот повик е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје, намалување на загадувањето предизвикано од сообраќајот и унапредување на здравјето на луѓето преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди.

Средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За потсетување, јавните повици за субвенционирање за купување велосипеди и електрични тротинети за млади од 15 до 29 години се се уште во тек и ќе траат до 15 ноември 2022 година.

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...