МЗ: Националниот состанок за „Унапредување на физичката активност на работно место“

МинистерстваМЗ: Националниот состанок за „Унапредување на физичката активност на работно место“

Најчитано

Државниот секретар на Министерството за здравство д-р Јусуф Хасани присуствуваше на националниот состанок за „Унапредување на физичката активност на работно место“, организиран во соработка на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ – Скопје и Институтот за медицина на труд – Колаборативен центар на СЗО, со поддршка од Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје.

На состанокот присуствуваше шефицата на Канцеларијата на СЗО во земјава, д-р Ане Јохансен која истакна дека од направените проценки во 2019 година во Северна Македонија населението загубило 5 000 години живот поради „седечкиот начин на живеење“.

– Ова придонесува за пораст на зарази болести, болести на срцето, инфаркти, разни видови на рак, дијабет и е фактор на ризик за загуба на меморијата и алцхајмерова болест, рече таа.

Исто така, беа презентираа досегашните активности со осврт на истражувачки податоци, добри практики и национален напредок во однос на политиките за унапредување на физичката активност на национално ниво, како и подготвените препораки до работодавачите и креаторите на политики во однос на усвојување на иницијативи за активни работни места и дискусија за понатамошна соработка и имплементација на препораките од експертската група.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе