spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Целосна реконструкција на тоалетите во СОУ “Коле Нехтенин”

Штип: Целосна реконструкција на тоалетите во СОУ “Коле Нехтенин”

Веќе се отпочнати градежните активности за целосна реконструкција на тоалетите во СОУ “Коле Нехтенин”.

Комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, поставени се нови санитарни плочки, извршена е промена на целокупната електрична инсталација, поставени се нови санитарни елементи, како и целосна реконструкција на подот, ѕидовите и плафонот.

Со ваквите проекти значително ќе се подобрат условите за реализација на наставниот процес, согласно најсовремените стандарди и потреби на учениците.

Овој проект е во вредност од 2.600.000,00 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип.

 

 

 

Извор: Општина Штип

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...