Во Штип за првпат етапно се изврши промена на водоводна и канализациона подземна мрежа на ул. “Солидарност”, “Браќа Даневи” и “5ти Конгрес”, па се започна со припрема за асфалтирање.
Откако ќе се истрасираат и подготват сите три улици, ќе се пристапи кон нанесување на првиот асфалтен слој во согласност со временските услови.
Секоја населба во Штип заслужува да добие модерен, функционален и урбанизиран изглед.
Извор: Општина Штип