spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedСостанок со претставници на високообразовните институции

Состанок со претставници на високообразовните институции

Со цел да се обезбеди поголема општествена инклузивност во преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ, вчера заменик-главниот преговарач на Северна Македонија за членство во ЕУ и воедно и државен секретар во СЕП, г-ѓа Дрита Абдиу Халили, придружувана од ангажираниот хрватски експерт и поранешен главен преговарач на Хрватска за членство во ЕУ, г. Владимир Дробњак и државниот советник во Секретаријатот, г. Драган Тилев имаа средба со претставници на високообразовните институции во земјава.

На состанокот беше истакната важноста од проактивното вклучување на академската заедница во преговарачкиот процес, ставајќи го нивното експертско знаење во функција на непречен напредок на преговарачкиот процес за полноправно членство на земјата во Европската Унија. Експертизата на академската заедница не само што е потребна, туку е и неопходна за да ја постигнеме нашата стратешка определба за полноправно членство во ЕУ.

Соработката со професорите и претставниците на академската заедница ќе биде потребна во сите области и поглавја, со цел што попрецизно да се толкува законодавството на ЕУ, кое ќе треба да го усогласуваме и спроведуваме во пракса во текот на целиот преговарачки процес со Унијата.

Им се заблагодаруваме на донаторите од Нордиската поддршка за напредок на Северна Македонија за континуираната поддршка во реализацијата на вакви настани.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...