HomeВладаУставните промени, клучот за продолжување на интегративниот процес

Уставните промени, клучот за продолжување на интегративниот процес

spot_img
spot_img

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби вчера оствари средба со шефот на мисијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.

Груби во оваа прилика го ценеше активниот ангажман на Европската Унија во Република Северна Македонија и во регионот.

На средбата се разговараше за Јавниот повик за поддршка на невладините организации бидејќи оваа поддршка продолжува од страна на Владата. Процесот ќе биде многу транспарентен бидејќи вклучува претставници од повеќе институции, како и од Советот за поддршка на невладините организации, а во целиот процес на селекција се поканети да учествуваат и претставници од Европската Унија.

Потребата од уставни измени за да се отвори дискусијата за европската иднина на државата беше  дел од разговорот меѓу Груби и Гир, но и одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со политички и општествен консензус од сите општествени политички чинители.

Груби и Гир разговараа и за внатрешно-политичките настани во земјава, со фокус на европските трендови и интеграции, како и за успешниот напредок на скрининг-процесот и спроведување на реформите.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија