spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Договорени решенија за унапредување на квалитетот на здравствените услуги

МЗ: Договорени решенија за унапредување на квалитетот на здравствените услуги

Министерот за здравство, д-р Беким Сали одржа работна средба со претставници на Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора,  на која беше разговарано за измените и дополнувања на Законот за здравствената заштита во контекст на тековните реформи во примарната здравствена заштита, дополнителната дејност и дополнителната работа на лекарите, фармацевтската дејност и стоматолошката здравствена заштита.

На средбата беа договорени решенија кои ќе го унапредат квалитетот на здравствениот систем и здравствените услуги.
– Имаме усогласеност да пристапиме кон имплементација на систем кој ќе нуди ефикасност и достапност на услугите на примарно ниво за сите граѓани, на целата територија на нашата држава. Исто така, разговаравме фармацевтите да даваат услуги од примарната заштита и да бидат сервис кој ќе има значајна услога во скринингот на населението, а преку тоа и поддршка на матичните лекари во следењето  за одредени параметри на пациентите, рече министерот Сали во своето поздравно обраќање.
Воедно, тој изрази благодарност до коморите за конструктивните забелешки и предлози за изнаоѓање решенија за поголеми придобивки на граѓаните и ставање на пациентот во центарот на здравствениот систем од една страна, како и  соодветно задоволување на барањата на лекарската фела.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...