spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Продолжува националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка

МЗ: Продолжува националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка

Почнувајќи од 1 ноември продолжува националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка. Оваа година во програмата се вклучени жени во возрасната група од 45 до 69 години. Мамографскиот скрининг е бесплатен за жените според оваа програма.

Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените. Со цел навремена дијагностика и рано откривање на ова заболување, почнувајќи од овој месец продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка.

Ова е посебно значајно за жените кога имаат знаци за промени во дојката или треба да направат контрола, и овие активности се иницирани за навремена дијагностика, односно жената да стигне на преглед навремено со цел откривање на ракот на дојка во раната фаза.

Жените од возрасната група од 45 до 69 години се опфатени во националната скрининг програма, кои не направиле мамографија последните две години, додека жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија на посебна страница за таа намена.

Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, партиципацијата ја покрива Министерството за здравство.

Иницирани се и промени во начинот на упатување и закажување преглед за мамографија, ехо и биопсија, каде ќе се овозможи на радиологот да ја упатува жената со цел да се намали времето и патот на жената од преглед до третман.

Во завршна фаза е и склучувањето договори за набавка на нови најсовремени мамографи во соработка со Светска банка за јавните здравствени установи со што значително се доближува оваа здравствена услуга поблиску до местото на живеење и токму преку регионализација фокусот се става на навремената дијагностика и рана детекција на ова најчесто малигно заболување.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Илинден: Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ на прием кај градоначалникот ...

0
Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа. Градоначалникот Александар  Георгиевски...