spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Панел дискусија „Младински политики-потреби, можности и предизвици”

АМС: Панел дискусија „Младински политики-потреби, можности и предизвици”

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска организира Панел дискусија, на која се дискутираше за младинските политики, пореби, можности и предизвици.

 

 

 

Панел дискусијата беше организирана во соработка со Агенцијата за млади и спорт и УНДП за Северна Македонија.

 

 

Грковска стави акцент на потребата од одстранување на причините за масовно иселување на младите, детектирање на истите и начин на подобрување на условите за живеење, одтстранување на разликите во пристапот кон младата популација, потенцирајќи дека младите се двигател на секое општество и најпрогресивен дел од населението.

 

 

 

-Во какво општество живееме зависи од самите нас, институциите не можат да променат многу, ако нема промена на свеста кај секој поединец, истакна Грковска.

 

 

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски потенцираше дека колку повеќе им оставаме простор и ги јакнеме позициите на младите денес, толку подобра ќе биде нивната иднина утре, за да останат овде и тука го искористат својот потенцијал.

 

 

 

-Во изминаниот период силно демонстрирав и јас и мојот тим, преку практични примери, во секојдневната комуникација и соработка со сите форми на младинско организирање дека верувам во младите и дека нивниот глас, критика, идеја и вклучување е она што потребно на државата денес и од тоа нема да отстапиме. Ние на младите гледаме како инвестиција и ресурс за модерно општество, а не како проблем, додаде Мојсовски.

 

 

 

Aгенцијата за млади и спорт како надлежна институција за млади, посветува сериозно внимание и постојан приоритет е младите да бидат вклучени во процесите на донесување на одлуки, но и активно да учествуваат во креирањето на политиките кои произлегуваат во рамките на АМС.

 

 

 

– Токму во оваа фаза, АМС во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединетите нации, релевантните институции за млади, формите на младинско организирање и Советот за млади работи на креирање на нова Стратегија за млади која ги следи реалните потреби на младите луѓе и ќе им овозможи на младите да ги остварат своите права и интереси, истакна Мојсовски.

 

 

 

Постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан потенцираше дека креирањето на Националната стратегија за млади е одговорен процес, а нејзината имплементација е должност на младите од причина што стратегијата е нивен инструмент, алатка за демократско право и фокус за подигање на свеста на сите граѓани.

 

 

 

На панел дискусијата учествуваа и претставници од НМСМ, МОФ, РИКО, ССРСМ, Ист-Вест Институт за менаџмент, ФОП и други.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...