spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингИуте Кредит – официјален партнер и поддржувач на проектот за младински спорт...

Иуте Кредит – официјален партнер и поддржувач на проектот за младински спорт “Ракомет за секое дете”

Иуте Кредит како официјален партнер на проектот ,,Ракомет за секое дете” го поддржува младинскиот спорт, местото каде се создаваат новите врвни спортисти, но и личности со здрави навики и силни карактери. Ракометот е игра каде децата од различни возрасти можат да се забавуваат, да се запознаваат, да се дружат и да стекнуваат нови искуства.

Основната цел на проектот ,,Ракомет за секое дете” e да се овозможи ракомет на секое дете без разлика на местото и условите во кои живее, да му се овозможи еднакви шансa да тренира и да сонува дека еден ден ќе игра на големата сцена и ќе го носи дресот со националниот грб.

Истовремено, низ игра децата се запознаваат со основите на ракометната игра, ги развиваат моторичките способности, ја подобруваат својата координацијата и го развиваат својот натпреварувачки дух.

 

 

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија