HomeВлада9 милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста...

9 милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста животна средина

spot_img
spot_img

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања имаше средба со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, на која разговараа за проектот за изградба на фабрика за третман на животинските нуспроизводи, во согласност со ЕУ и националното законодавство, проект во рамките на ИПА 2019.

– Буџетот е 9 милиони евра, европски пари за инвестиција во циркуларна економија, со која се воведува функционален и затворен систем за нештетен и безбеден третман и отстранување на отпад од животинско потекло. Ова значи економски просперитет на општината и еколошка здрава животна средина, рече на средбата вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор истакна дека искористеноста на европските фондови за евроинтегративниот процес е многу важна, од нив ќе зависи брзината на трансформација и воведувањето на европските стандарди во македонското општество.

– Општините имаат важна улога во усвојувањето и примената на европските стандарди и вредности, и поради тоа треба да продолжат со реализација на проекти од корист на локалните заедници и нивните граѓани, посочи Маричиќ и побара од Николов максимална посветеност и обезбедување видливост на придобивките за локалната заедница што ги носи европската интеграција преку конкретни проекти.

Градоначалникот Николов во таа насока кажа дека е свесен за придобивките кои ги носи користењето на европските фондови во градењето на општинските административни и инфраструктурни капацитети, подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и подготовка на локалните самоуправи за достигнување на европските стандарди.

Градоначалникот Николов на средбата го информираше Маричиќ за спроведените проекти и за оние кои ќе следуваат, во пресрет на годишниот отчет кој следната недела ќе го даде пред општинскиот Совет.

Оваа инвестиција ќе овозможи да се собираат и обработуваат сите категории на материјали од животинско потекло кои произлегуваат од кланиците и месната индустрија. Капацитетот е пресметан за обработка на 8.000 тони животински нуспроизводи секоја година. Ова е пример за инвестиција во циркуларна економија, што претставува дел од Зелената економија, овозможувајќи да се трансформира собраниот и преработениот материјал од загадувачки отпад во производи кои можат да се користат во други производни циклуси.

Инвестицијата има вредност 9 милиони евра, од кои половината се обезбедени преку ИПА, а половина ќе се користи заем од Светска банка. Договорот за градба се очекува да се потпише до крајот на февруари 2023 година. Со отворањето на оваа фабрика ќе се вработат околу четириесет жители на Росоман и околните населени места.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија