Општина Аеродром објави конкурс за изработка на решение за идејни проекти за изведба на две градинки, со што се реализираат ветувањата на Градоначалникот Тимчо Муцунски за решавање на најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата. Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир.
Водејќи сметка за квалитетот на градбата, посебен акцент при изборот на идејно решение, како и самата изградба на градинките, се става на користењето на најсовремени и квалитетни материјали, енергетска ефикасност на објектот и обезбедување највисоки стандарди за згрижување и реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес.
Конкурсот е отворен за аплицирање од страна на физички и правни лица. Апликациите ќе бидат разгледани и оценети од стручна комисија составена од универзитетски професори од факултетот за архитектура, експерти и стручни лица во областа. Краен рок за достава на конкурсните трудови е 12.12.2022 година (понеделник).
Конкурсната документација е во прилог, а самиот Конкурс е достапен на Елекртонскиот систем за јавни набавки, односно на линкот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices.
Повеќе детали за конкурсот може да се добијат на телефоните:
076/453-346 (ivan.kokalanovski@aerodrom.gov.mk) и
076/453-347 (strasko.hadzikocev@aerodrom.gov.mk)
1
ДУП „Бисер АРМ“ – инфраструктурен план
ДУП „Бисер АРМ“ – синтезен план
ДУП „Бисер АРМ“ – сообраќаен план
2
ДУП „Лисиче бараки“ – инфраструктурен план
ДУП „Лисиче бараки“ – синтезен план
ДУП „Лисиче бараки“ – сообраќаен план
Извор: Општина Аеродром