spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: За прв пат, признанија и награди за најуспешните наставници во...

Град Скопје: За прв пат, признанија и награди за најуспешните наставници во средните училишта

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска им врачи признанија и награди на најуспешните наставници од средните училишта на Град Скопје

– Со оваа манифестација што за првпат се организира во Град Скопје, сакаме да го валоризираме трудот кој наставните кадри го вложуваат во образованието на младите и нивната иднина. Се гордееме со секој успех и секое достигнување на нашите ученици, а за тие успеси голем придонес имаат наставните кадри, кои се вложуваат да имаме нови генерации кои се квалитетни, емпатични и сигурни во своите знаења  – рече градоначалничката Арсовска на денешното доделување на признанијата и наградите.

Град Скопје, во рамки на своите програмски определби, а со цел афирмација на постигнувањата и успесите на просветните работници од средните училишта на Град Скопје, годинава за првпат ги промовира и валоризацира најуспешните наставни кадри. Наставниците се наградени за нивниот придонес во унапредувањето на наставниот процес, промоцијата на училиштето и остварените врвни резултати во работата.

Најуспешните 23 наставници од секое од средните училишта на Град Скопје, беа избрани од наставничките одбори, а во согласност со одредбите од Законот за наставници.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...