Иуте Кредит како официјален партнер на проектот ,,Ракомет за секое дете” го поддржува младинскиот спорт, местото каде се создаваат новите врвни спортисти, но и личности со здрави навики и силни карактери. Ракометот е игра каде децата од различни возрасти можат да се забавуваат, да се запознаваат, да се дружат и да стекнуваат нови искуства.
Основната цел на проектот ,,Ракомет за секое дете” e да се овозможи ракомет на секое дете без разлика на местото и условите во кои живее, да му се овозможи еднакви шансa да тренира и да сонува дека еден ден ќе игра на големата сцена и ќе го носи дресот со националниот грб.
Истовремено, низ игра децата се запознаваат со основите на ракометната игра, ги развиваат моторичките способности, ја подобруваат својата координацијата и го развиваат својот натпреварувачки дух.
Извор: ИутеКредит Македонија