spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Премиерот Ковачевски, министерот Бочварски и директорот Рустеми напаравија увид во завршување...

МТВ: Премиерот Ковачевски, министерот Бочварски и директорот Рустеми напаравија увид во завршување на рехабилитација на превојот Плетавр

“Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза, затоа што кога велиме дека градиме европска држава, мислиме на евроинтеграциите, но пред сè на европски квалитет на живот и европски животен стандард за граѓаните, тука дома”, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешниот увид на градежни работи за рехабилитација на делницата Фариш – Прилеп, после превојот Плетвар, каде беше заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми.

“Овде на Плетвар, направив увид во градежните работи, и според ова што може да се види, завршува реконструкцијата на делницата Плетвар.

90 проценти од градежните работи на делницата се завршени. Сега се поставуваат сообраќајна сигнализација и банкини. Верувам дека сите овде присутни напорно работат на завршните работи, и затоа ќе си дозволам уште од сега да ве поканам сите вас, на пуштањето во употреба на делницата Плетвар, важна секција  во должина од 19 километри која е значајна бидејќи е дел од главниот магистрален пат за цела Пелагонија. Ова е практично е продолжување на новиот експресен пат од Градско до Плетвар”, рече премиерот Ковачевски и најави дека за околу месец дена, ќе може да видиме, готов, отворен и функционален пат.

 

“Оваа делница, но и целиот овој зафат, односно реконструкцијата која се реализира со средства од ЕБОР во вредност од над четири милиони евра, значи модернизација на Коридорот 10-Д и поврзување со Република Грција, кај граничниот премин Меџитлија.Тоа значи и отворени можности за развој на стопанството во целиот пелагониски  регион”, објасни премиерот Ковачевски и рече дека ќе продолжи инсистирањето на ефикасност во модернизацијата на инфраструктурата во нашата држава како еден од суштинските услови за нови инвестиции, за нови работни места, за подобар квалитет на живот на граѓаните и за поголема безбедност во сообраќајот, но и за патничко и железничко поврзување какво што доликува на држава којашто ги почна преговорите со Европската Унија.

“Факт е дека за само пет години, од 2017 година наваму, изградени се патишта во должина од околу 1.300 километри, што е значително поголема динамика, ако се земе предвид дека во претходниот 10-годишен период биле изградени двојно помалку патишта низ земјата, само околу 650 километри. Сега, активно се градат автопати во должина од 59 километри и се подготвува изградба на автопати во должина од преку 130 километри (за Коридор 10-Д и Коридор 8) и Скопје Блаце, фаза 2”, објасни премиерот Ковачевски.

“Mора и за сите да е јасно дека поврзувањето, дома и кон регионот, ги отвора патиштата за поврзување со Европа и со светот, како инфраструктурно, така и за развојот на економијата. Целта за којашто зборувам, но и интензивно работи Владата – е забрзан чекор кон конечно полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија. Граѓаните заслужуваат да живеат според европски стандарди и ние, тоа и ќе го овозможиме”, заклучи премиерот Ковачевски.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека се работи и на двете фази од експресниот пат од Градско до Фариш, проект кој е исто така од исклучителено значење за цел Пелагонски регион заради брз, безбеден и поквалитетен сообраќај.

“Рехабилитацијата на превојот Плетвар е во завршна фаза и очекувам до крај на овој месец да биде комплетно завршен. Ме радува фактот што силно се работи и на двете фази од експресниот пат од Градско до Фариш, проект кој е исто така од исклучителено значење за цел Пелагонски регион заради брз, безбеден и поквалитетен сообраќај”, рече министерот Бочварски.

Тој најави дека во Министерството заедно со ЈП за државни патишта работи и на проектот за проширување на Плетвар на места каде што има само две ленти, да се прошири со уште една трета лента и понатаму на изградба на нов експрсен пат од мостот кај Ленишка река до влезот во Прилеп.

“Она што е уште поважно, децениската потреба на жителите од Пелагонијата, изградбата на автопат од Прилеп до Битола е приоритетен и тој проект е се поблиску до реализација. Очекувам веќе наредната година, по завршување со преговорите со компанијата изведувач, да започнеме со проектирање и изградба и на оваа автопатска делница. Сите знаеме колку е значајна Пелагонија и од аспект на економскиот развој на регионот и на државата така и од аспект со регионалното поврзување. Овој дел од Коридрот 10-Д ќе го заокружиме со изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија со границата на Грција”, рече министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека патниот правец од Градско кон Прилеп е еден од пофреквентните правци.

“Дневно овде се движат околу пет илјади возила, но карактеристично за оваа делница е зголемена фреквенција на тежок сообраќај кој е околу 18 % од вкупниот сообраќај. Ова се чини е нормално со оглед на фактот што овој пат поврзува два значајни земјоделско-индустриски региони, Пелагонискиот и Вардарскиот. Пелагонискиот регион, пак на југ граничи со Република Грција и Република Албанија и од тие причини е значаен за патното поврзување кое е дел од коридорот 10Д. Овде се вкрстуваат патни и железнички јазли кои се дел од меѓународната рута. Токму затоа, ние како Јавно претпријатие за државни патишта инвестираме во повеќе проекти во овој регион. Граѓаните кои гравитираат кон Прилеп и Битола, многу добро знаат дека овие 20-тина километри се најтешките за возење посебно во период каков што доаѓа, а тоа е зимата”, истакна директорот Рустеми и изрази благодарност до изведувачот на работите Стентон Градба и Грин Лајн со надзорот Диви за изведбата на рехабилитацијата на патот, каде ќе може граѓаните од овој регион да возат на почеток на зимата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте