spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Продолжува кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“

МТСП: Продолжува кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин присуствуваше на промоција на кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ во Радовиш.

 

Кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ се спроведува во 2022 година од страна на Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско Село, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.

“Со оваа кампања Министерството цели кон намалување на стигматизацијата со која се соочуваат децата без соодветна родителска грижа, а секако и да ги информира граѓаните и да го зголеми бројот на згрижувачки семејства, со вклучена и дополнителна поддршка од локалните самоуправи”, рече заменик министерот Хусејин и притоа информираше дека во земјава имаме 330 згрижувачки семејства кои се грижат за 579 корисници.

Министерството за згрижувачите обезбедува месечен надомест за трошоците за згриженото лице, згрижувач и право на траен надоместок за згрижувач кој згрижува деца најмалку 15 г, како и континуирана стручна помош и поддршка на згрижувачите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...