spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Еколошка акција на учениците од ПООУ „Гоце Делчев“, се грижиме за...

Илинден: Еколошка акција на учениците од ПООУ „Гоце Делчев“, се грижиме за околината и ја развиваме креативноста

На иницијатива на  еколошкото друштво „Јасмин“ при ПООУ „Гоце Делчев“, изминатите два месеца беше спрoведена еко акција  за собирање на пластични капачиња во рамки на програмата чиста и здрава околина.

Во акцијата  која имаше за цел  развивање на свеста  за рециклирање и намалување на количеството на пластичен отпад и поттикнување на креативноста,  учествуваа  повеќе одделенија од ПООУ „Гоце Делчев“ со своите одделенски раководители.

Вкупно беа собрани 16.372 капачиња, поради големата масовност, еко акцијата имаше и натпреварувачки дел во кој беа изработени еко слики од пластични капачиња.

Координатор на еко програмата беше наставничката Марија Спасовска, а на најуспешните директорката Душанка Крстева  им врачи дипломи во изборот на најубава еко слика.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...