spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Реконструиравме 17 улици и започнавме изградба на градинка

Центар: Реконструиравме 17 улици и започнавме изградба на градинка

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја одржа првата трибина „Заедно одлучуваме“ на која го изложи сработеното во годината која изминува и најави дел од проектите кои ќе бидат реализирани во претстојниот период.

Со градоначалникот на трибината во ООУ „11 Октомври во населба Пролет, присутни беа и раководителите на секторите урбанизам, финансии, јавни набавки и Секторот за уредување на градежно земјиште, кои зборуваа за проектите и го презентираа извршувањето на буџетот од 2022 година и програмите за развој и идните проекти во општината.

„Од овде, од населба Пролет го започнавме почетокот на нашиот прв капитаелн проект изградбата на првата детска градинка „Пролет“. Градинка која ќе се простира на вкупна бруто површина од 3276 метри квадратни, со 9 занимални и капацитет за згрижување на 150 деца“ , започна Герасимовски.

Тој зборуваше и за реконструкција на уличната мрежа и инфраструктурните зафати.

„Уште во првата година започнавме реконструкција на 17 улици во Центар. Улиците Козара, Шарски одред, Новопроектирана 2, улица Дебарца, Црвена Вода, Ј. Х.Џинот, Ристо Шишков, Петар Поп Арсов, Рајко Жинзифов, Партизанска, Козара, Улица 2, Станбена улица 3 и Пешачка улица 102а на адвокатска улица, Антон Панов, Никола Тримпаре и Шарски одред. На дел од овие улици сеште во тек се градежните зафати и онаму каде имаше потреба поставивме подземна инфраструктура, а некаде и водоводна, атмосферска и канализациона мрежа, изјави Герасмовски на тринината „Заедно одлучуваме“.

За жителите на Дебар Маало како мапирана локација со најгуст сообраќај тој рече дека имаат резидентни паркинг места и се прави катна гаража на улицата Народен фронт во Капиштец чиј капацитет ќе биде повеќе од 260 возила. За зголемена безбедност во сообраќајот Герасимовски зборуваше за поставените столпчиња кај пекарата Силбо и улиците „Костурски Херои“ и „Радњанска“.

Герасимовски се осврна и на урбанизамот како најгорчлива тема за граѓаните на Општина Центар.

„Ветив и го одржувам зборот. Нема да дозволам градби, ниту ќе дадам одобренија на проекти кои отстапуваат од законите. Токму затоа и стопиравме градба на 8 парцели на Водно. Инвеститорот сакаше да гради пристапен пат до лична парцела но нагибот отстапуваше од прописите. На Водно стопиравме и нелегална градба на улицата Христо Чернопеев бб„ рече Герасимовски.

За заштита на државното земјиште тој истакна дека општината веќе поднела иницијатива до ЗЕЛС и Министерството за транспорт и врски за измена на Законот за градежни земјиште.

„ Тоа значи дека приватните или физички лица ќе може да окрупнат парцела само ако поседуваат минимум 70% од земјиштето на парцелата, а не само 30% според постојниот закон. Со измените на овој закон ќе ги спречиме инвеститорите на мало парче земја да купат голем плац и да градат на целата површина“, рече Герасимовски.

Тој зборуваше и за одлуката со која при секоја дозвола за градба инвеститорите да мора да планираат паркинг места за велосипеди.

За возрасните граѓани, пензионерите во Општина Центар, Герасимовски се осврна на проектот „Нега на стари лица во домашни“. Негата која преку овој проект која со невладиниот сектор ја овозможува Општина Центар, е од исклучително значење за пензионерите.

„Подеднакво важен проект за највозрасните е и проектот „Сервис за одмена на семејна грижа“ напочема градоначалникот, чија реализација е на самиот крај. Преку овој проект пензионерите, вклучувајќи ги и граѓаните со Алцхајмерова болест и деменција ќе добиваат бесплатна нега во своите домови или во центарот, 24 часа 15 дена во годината одделено или во континуитет зависно од потребите.

„Знам дека ова ќе биде од голема помош на семејствата кои ќе можат да земат оддишка од секојдневниот ангажман околу најблискиот кој има потреба од постојана нега“, рече Герасимовски за новиот проект кој започнува во општината.

Општина Центар го исполни предизборното ветување со отворањето на 3-те пензионерски клубови во Беверли Хилс, Крњево и близу Универзалната сала.

Пред граѓаните на населба Пролет, градоначалникот Герасимовски зборуваше за одржувањето на јавната хигиена и  организираните акции за чистење во сите населби во општината. Меѓу нив и каналот кај шеста управа на Водно кој за првпат беше исчистен после 10 години како и депонијата во Крњево каде имаше 700 и повеќе автомобилски гуми. Во делот на зеленилото, Герасимовски се осврна и на новите садници и набавката која е во тек на нови 1400 јавори, индиски јорговани, јапонски цреши, фотинији и други видови ниско и средно стеблести растенија.

Кај најмладите општината постави прочистувачи за воздух во сите занимални и нано филтри на прозорците и ги реконструираше тоалетите во детската градинка „13 Ноември“, во објектот Беко. Во најголемите групи кај идните првачиња организирани беа бесплатни офталмолошки прегледи и потврди за упис во основните училишта. Бесплатни стоматолошки прегледи за сите ученици од социјално загрозените семејства и дополнителен ангажман за образовните асистенти за учениците со посебни образовни потреби и за време на летниот распуст.

Општината во годината која изминува ја реновираше кујната, во училиштето „Кирил и Методиј“ ги реконструираше тоалетите, а во ООУ „Димитар Миладинов“ и „Гоце Делчев“ дел од училниците.

На трибините Герасимовски зборуваше и за планот за основање на општинско јавно претпријатие за производство на струја преку поставување на фотоволтаици на училиштата градинките и Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар.

„Тоа би значело огромно олеснување во сметките за струја и огромен бенефит на долг рок како и пренамена на средствата кои ќе бидат заштеда за други разбојни проекти во општината“, рече Герасимовски.

По презентирањето на Извештајот за извршување на буџетот и развојниот буџет со проекти за следната година, Герасимовски разви продуктивна дискусија за потребите и барањата во населбата.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...