spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Финансиска помош за најзагрозените

Град Скопје: Финансиска помош за најзагрозените

Во услови на енергетска, економска криза и зголемена инфлација Градот Скопје  вчера одлука со која ќе им помогне на најранливите категории на граѓани со средства во изност од 15 милиони денари.
Градот Скопје е град на солидарност, град кој по катастрофалниот земјотрес во 1963 бил разурнат и благодарение на солидарноста на пријателски држави и народи од целиот свет бил повторно изграден.
Сега е време градот да покаже солидарност со оние граѓани на кој им е најпотребна помош. Време е да бидеме солидарни со ранливите категори на граѓани и со овие средства да им помогнеме да ја пребродат зимата.
Овие средства во вредност од 15 милиони денари граѓаните за кои истите се наменети ќе можат да ги искористат за плаќање на своите сметки за електрична енергија кои од месец во месец вртоглаво растат.
Станува збор за еднократна парична помош за социјално загрозени семејства кои во овие тешки времиња се најпогодени од кризата.
Помошта е наменета за самохрани родители, пензионери со ниски месечни примања, деца без родители како и други ранливи категории на граѓани.
Да се биде хуман значи да се биде човек, идејата за модерно Скопје можеме да ја реализираме само ако сме сите заедно во овие тешки моменти за граѓаните на Скопје.

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...