spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Покана за учество во проект „Зелена Општина Илинден“

Илинден: Покана за учество во проект „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден и оваа година продолжува со реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“ со засадување на садници и озеленување на просторот.

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, локалните економски зони, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока одржувањето на зелените површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.

Како дел од бизнис секторот кој својата дејност ја извршува во Општина Илинден, Ве покануваме активно да се вклучите во проектот „Зелена Општина Илинден“ и заедно да придонесеме во зачувување на животната средина.

Одговорни лица:

Саше Ристовски 070/316-422

Славица Милошевска  070/383-141

Славица Давидовска 075/245-136

Силвија Давидовска 070/358-851

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија