spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Преку обука на советниците до Потранспаретна општина

Карпош: Преку обука на советниците до Потранспаретна општина

На „Обука на работно место – Совет на Општина Карпош“, денеска во амфитеатарот на  Универзитетот за туризам и менаџмент се одржа работилница на која учествуваа советниците од Општина Карпош, а присуствуваа и претставниците од општинската администрација.  Оваа работилница е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ финансиран од Швајцарската влада, Министерството за локалната самоуправа, а ко-финансиран и спроведуван од Програмата за развој на Обединети Нации –УНДП.

Во рамки на работилницата се расправаше по шест модули кои ги опфаќаат темите за општинско добро управување, борба против корупција, управување со обврски и долгови, набавки и приходи. Притоа, посебен акцент беше ставен врз подготовката на општинскиот буџет за 2023 година, финансиските извештаи во единиците на локалната самоуправа и нивна анализа, како и на финансиската контрола и ревизијата.

Општина Карпош постојано е посветена на градењето на ефикасна и транспарентна општина која креира политики во корист на своите граѓани.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...