spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Повеќе пешачки премини за поголема безбедност во општината

Центар: Повеќе пешачки премини за поголема безбедност во општината

На вчерашната трибина „Заедно одлучуваме“, која се одржа во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, присутните граѓани од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски побараа зголемување на безбедноста на улиците.

„Во овој дел на општината ги реконструиравме улиците ‘Рајко Жинзифов’ и ‘Петар Поп Арсов’. Внимававме при реконструкцијата безбедноста на пешаците да биде запазена. На најкритичните точки на улиците околу основните училишта и градинки имаме поставено подигнати пешачки платоа. Пешаците, родителите со деца и велосипедистите можат слободно да се движат и да не се наруши одвивањето на автомобилскиот сообраќај“, им порача Герасимовски на граѓаните.

Герасимовски додаде дека при реконструкција на сите улици во општината, се внимава на безбедносниот аспект и при изведбата се запазуваат сите современи градежни стандарди.

„Покрај овие две улици, ја реконструиравме и улицата ‘Антон Панов’ која доби нов асфалт на површина од 1490 м2, нови рабници со вкупна должина од 940 метри и нивелирани шахти и сливници. Асфалтиравме и улици и во Дебар Маало, Водно, се работи на трите улици ‘Улица 2’, ‘Станбена 3’ и пешачка улица ‘102а’, кај ‘Адвокатската улица’, а по 20 години се пробива крак на улицата ‘Партизанска’ во Дебар Маало. При сите реконструкции користиме соодветни и квалитетни градежни материјали, воедно запазувајќи ги сите стандарди за изведба на улици“, додаде Герасимовски.

Покрај безбедноста на уличната мрежа, граѓаните на вчерашната трибина најголем интерес пројавија за прашања од областа на урбанизмот и планирањето, имаа забелешки за оштетувањата на детските игралишта, состојбата со паркинзите, проблеми со бучавата и останати проблем од локален карактер.

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...