spot_img
spot_img

МФ: Дефицитот во Буџетот се капиталните инвестиции, поддршката за справување со енергетската криза и отплатата на камати

МинистерстваМФ: Дефицитот во Буџетот се капиталните инвестиции, поддршката за справување со енергетската...

Најчитано

Буџетот за 2023 година е реалност и ја зема предвид актуелната состојба под влијание на енергетската и ценовната криза, а ги зема предвид и напорите за заздравување и забрзување на економскиот раст, како и потребата од сервисирање на преземените обврски и каматите. Ова го истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими во расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

„Кога дискутираме за Буџетот треба да ја земеме предвид реалноста. Во Буџетот нема нов дефицит. Тоа се 250 милиони евра за мерки, а доколку ја немаше кризата, дефицитот ќе беше понизок за таа сума. Ако не мислиме на развој немаше да има 250 милиони евра за Коридорот 8 и да не беа каматите од акумулираните долгови во износ од 210 милиони евра, дефицит немаше да има“, рече министерот Бесими и додаде дека овој Буџет е во согласност со златното правило во јавните финансии, односно капиталните инвестиции се планирани на повисоко ниво од дефицитот.

Според министерот, она што треба да се истакне и по што се разликува овој дефицит од претходно е што тој е понизок од капиталните инвестиции.

„Капиталните инвестиции се планирани на ниво од 48,9 милијарди денари. Планираното ниво на капитални расходи за 2023 година учествува со 5,3% од БДП и тие се за 52,3% повисоки во однос на планот за 2022 година. Наменети се за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството“, рече министерот и додаде дека значајна сума средства во износ од 15 милијарди денари се за Коридорот 8, односно за патната делница Тетово – Гостивар, изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делницата Гостивар – Букојчани, како и за Коридорот 10 д, поточно делницата Прилеп – Битола.

Министерот посочи дека друг аспект по кој се разликува е начинот на кој се обезбедуваат средствата и дека е важна стратегијата што се применува.

„Сите антикризни мерки дадени за поддршка на граѓаните и стопанството за да се ублажи влијанието од енергетската и ценовната криза требаше да се обезбедат. Прашањето е дали требаше тоа да се направи со повисоки даноци, со повеќе кратење или со скапо задолжување. Ние се определивме да примениме кратења, што беше направено со ребалансот, како и со финансирање со инструменти коишто беа поевтини од оние на класичните финансиски пазари“, рече тој.

Воедно додаде дека со Буџетот за 2023 година се обезбедува редовно сервисирање на обврските што произлегуваат од политиките и мерките предвидени во овој документ, како и за отплата на долгот.

„Управувањето со јавните финансии е особен предизвик во услови на турбулентно економско окружување во Европа, но остануваме на планираната фискална консолидација, на подобрување на управувањето со јавните финансии, како и редизајнирање на нивната структура“, потенцира министерот за финансии.

Расправата по Предлог-буџетот во Комисијата за финансирање и буџет согласно Деловникот на Собранието трае најмногу 10 дена. На предложениот текст, од страна на пратениците се поднесени 263 амандмани.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000