HomeМинистерстваМФ: Со Црна Гора да се искористат капацитетите за унапредување на соработката...

МФ: Со Црна Гора да се искористат капацитетите за унапредување на соработката и заедничките напори на патот кон ЕУ

spot_img
spot_img

Министерот за финансии Фатмир Бесими во Министерството за финансии оствари средба со својот колега од Црна Гора Александар Дамјановиќ, на која беше потврдена добрата економска соработка меѓу двете земји и можностите за нејзино унапредување.

 

На средбата двајцата министри се осврнаа на општата економска состојба во контекст на кризата, мерките што се преземаат за справување со последиците од економската криза, како и за основните макроекономски политики што се спроведуваат. Тие меѓусебно разменија искуства за решенија што се применуваат во областа што ја покриваат.

Бесими и Дамјановиќ констатираа дека успешно се имплементираат потпишаните договори помеѓу двете земји за поттикнување на економската соработка и инвестиции и дека треба да се искористат сите можности кои стојат на располагање за да се унапреди економската соработка помеѓу двете земји. Затоа беше заклучено да се разгледаат можностите и да се преземат иницијативи за да се зголеми меѓусебната соработка, преку почести средби на експертско ниво.

Исто така, како две земји кои чекорат по патот до целосно зачленување во ЕУ, беа разменети искуства во остварување на критериумите за пристапување во ЕУ. Црногорскиот министер понуди искуството на Црна Гора во делот на поглавјата што ги покриваат овие ресори да го сподели со Министерството за финансии на РС Македонија. При тоа беше нагласено дека е значајна регионалната соработка и капацитетите на земјите за да ги искористат средствата што стојат на располагање до европските фондови.

Стоковата размена меѓу двете земји се движи над 30 милиони евра, и во 2022 година забележа раст од околу 27 %.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија