spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе добие инфраструктурен кампус

МОН: Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе добие инфраструктурен кампус

Отпочнувањето на капиталната инвестиција со која Универзитетот „Мајка Тереза“ конечно ќе добие свој кампус е резултат на заложбата на сите вработени и на поранешното и сегашното раководство на високообразовната установа, на многу албански интелектуалци, на политички чинители и особено на партијата која јас ја претставувам. Со заеднички напори се донесе институционална одлука, односно Владата уште во текот на месец април додели локација во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде дел од постојните објекти ќе се адаптираат за потребите на наставно – научниот кадар и за студентите од овој универзитет.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешното поставување на камен темелник за изградба на универзитетски кампус на како што рече, првиот универзитет во главниот град кој има студии со целосна настава на албански јазик.

„Очекувам градежните активности да завршат час поскоро, бидејќи за волја на вистината недостигот на простор и услови, претставува голема препрека во работењето, а со надминувањето ќе се подигне мотивацијата за работа кај наставно – научниот кадар, но и за учење кај студентите“, рече Шаќири, додавајќи дека за работата на универзитетот „Мајка Тереза“ има само пофални зборови.

„За 6 години откако е основан и започна со работа, постигнати се многу поставени цели кои се дел од визијата и мисијата на високообразовната установа и таа веќе се етаблира во областа на академската едукација како препознатлив субјект кој создава добро подготвени кадри за успешно вклучување во нашето општество. Радува и фактот што се’ повеќе тука се образуваат и студенти од регионот, така што тоа е уште една потврда дека квалитетот на знаењето и на образовните услуги кои ги нуди се препознаени и пошироко од границите на Северна Македонија“, потенцираше министерот.

Тој е гордост, особено на Албанците и затоа токму 28ми ноември – Денот на албанското знаме е одбран за започнување на оваа инвестиција. Како што рече Шаќири, универзитетот го зајакна образованието на албански јазик, кое се соочуваше со предизвици подолг период, а еден од најголемите беше и основањето на албански универзитет во главниот град.

„Добро знаеме дека најефективна е едукацијата на мајчин јазик, па така преку своите 5 факултети и 36 студиски програми им овозможи на над 3000 студенти квалитетен образовен процес на мајчин, албански јазик. Очекувам оваа успешна приказна да продолжи и во иднина. Да продолжи придонесот на Универзитетот кон развојот науката и на високото образование, а со тоа и кон развојот на општеството во целина. Од тука, веќе излегоа добри генерации кои се вклучени во создавањето на промените за подобро утре“, истакна министерот за образование и наука.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте