spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedКовачевски: Вложуваме во современа патна инфраструктура за севкупен економски развој

Ковачевски: Вложуваме во современа патна инфраструктура за севкупен економски развој

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми извршија увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани. Оваа делница е во должина од 13,75 км и согласно динамиката на работа истата треба да биде наскоро готова и ставена во функција.

Премиерот Ковачевски истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација.

„Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што ќе се забрза и олесни патувањето за граѓаните од овој крај, ќе се намалат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада. Како и во изминатите години. И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско – енергетска криза интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Темпото и динамиката продолжуваат и понатаму. Во источниот дел на државата резултатите од работата се особено видливи. Речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион. Модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите но и за новите инвеститори. Новите инвестиции значат и нови, подобро платени работни места, а за тоа да се случи, квалитетните патишта се еден од предусловите. Затоа и изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени. Изминативе пет години, Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри“, рече Ковачевски.

Министерот Бочварски рече дека со изградбата на експресниот пат до Кочани го подигнуваме животниот стандард на преку 170 илјади жители од Источниот регион, создаваме поволни услови за развој и регионално поврзување.

„Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени заради забрзан економски развој на целата држава, во услови кога светот е во огромна економска криза. Но и во такви услови успеавме силно да ги движиме капиталните проекти и да обезбедиме континуитет”, рече Бочварски.

Директорот на ЈПДП, Рустеми рече дека експресниот пат е со висок квалитет на градба.

„Ширина на патот е 11,4 метри, ќе има четири ленти, и тоа по две коловозни од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри, како и две рабни ленти од по 0,20 метри. Максималната брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час. Изведувач на градежните работи е „Синохидро“ од Република Кина, а надзор е „Патинвест инженеринг“ АД Софија Република Бугарија. Во моментот се поставува сигнализација, осветлување на клучките, еластична одбојна ограда и се асфалтираат последните 700 метри“, рече Рустеми.

 


 

Ковачевски: Вложуваме во современа патна инфраструктура за севкупен економски развој

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми извршија увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Ковачевски:

„Почитуван министер Бочаварски,
Почитуван директор на ЈПДП, Рустеми,
Почитувани присутни, изведувачи, инженери од надзор, почитувана пратеничкеРамбабова,

Инфраструктурата е клучна за локален и регионален развој на нашата земја.

Денес сме на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани. Оваа делница е во должина од 13,75 км и согласно динамиката на работа истата треба да биде наскоро готова и ставена во функција.

Градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација. Патот е со висок квалитет на градба,  и со дозволена максимална брзина на движење од 110 километри на час. Првата фаза Штип – Крупиште во должина од 14,3 километри е завршена во 2020 година и е веќе во функција.

Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што ќе се забрза и олесни патувањето за граѓаните од овој крај, ќе се намалат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ  ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Изградбата на современа патна инфраструктура во земјава е еден од приоритетите на оваа Влада. Како и во изминатите години така и оваа година напредува изградбата на на експресните патишта во државава. И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско – енергетска криза интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Темпото и динамиката продолужуваат и понатаму.

Во источниот дел на државата резултатите од работата се особено видливи. Речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион.

Модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите но и за  инвеститорите. Новите инвестиции значат и нови, подобро платени работни места, а за тоа да се случи, квалитетните патишта се еден од предусловите.

Затоа и изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени. Изминативе пет години, Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходните десет години, кога биле направени само околу 650 километри.

Вложуваме во трајни добра, вложуваме во инфраструктура бидејќи тоа е придобивка за граѓаните, тоа е наш приоритет и затоа неопходно е да се инвестира, да се осовременуваме и да одиме напред.

Северна Македонија се гради и се поврзува. И тоа е интензивен процес.

Роковите мора да се почитуваат и јас ќе инсистирам на тоа. Јас како премиер, но и Владата силно ги поддржуваме активностите на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта за завршување на сите проекти во дадениот рок.

Затоа и овде, во присуство и на Министерот и на директорот, ќе ве поканам сите вас, на крајот на годинава да дојдеме повторно и да го пуштиме во употреба овој многу важен пат.

Не би сакал да должам повеќе,  сакам да посакам успешна работа на изведувачите, на надзорот на работниците, сите да бидат горди на своето дело.

Ви благодарам“.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...