spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНеопходно е да обезбедиме поголема транспарентност и одговорност кај носителите на одлуки

Неопходно е да обезбедиме поголема транспарентност и одговорност кај носителите на одлуки

Зачленувањето во Европската Унија е стратешка цел за Република Северна Македонија и затоа наша клучна определба е да изградиме систем кој ќе се темели на вредностите на кои се темели Европската Унија, а тоа се почитување на човековите права, демократија, владеење на правото, како и функционална пазарна економија, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во своето обраќање на 16. Комитет за демократија управување, на Советот на Европа во Стразбур.

„Зголемување на довербата на граѓаните во институциите, но исто така и реформа на јавната администрација се дел од приоритетите на кои Владата на Република Северна Македонија се фокусира. Владата посветено работи на унапредување на транспранетноста на институциите, за што веќе има и видливи резултати. Сепак, неопходно е, во наредниот период да се фокусираме на транспарентноста во процесот на носење одлуки, имплементацијата на политиките како и одговорноста на носителите на одлуки, колективна и индивидуална“, оцени вицепремиерката Грковска.

Таа се осврна и на процесот на реформа на јавната администрација која треба да биде професионална, одговорна и ефикасна во испорачувањето на услуги до граѓаните. Во таа насока, додаде Грковска, неопходно е доследно имплементирање на принципите за добро владеење, како што се одговорноста, отчетноста, транспарентноста, професионалноста и ефикасноста на јавната администрација.

„Имплементацијата на овие принципи во основа значи целосна реформа на јавната администрација, процес кој не може да се постигне преку ноќ и кој бара стратешки и долгорочен пристап. И што е најважно, неопходно е да се постигне консензус во општеството за потребата од оваа реформа“, додаде Грковска.

Таа, пред Комитетот за демократија и управување, ја претстави иницијативата на која работи нејзиниот Кабинет, а тоа е во Република Северна Македонија, во соработка со Советот на Европа да се формира Центар за добро владеење. Овој Центар би бил сличен на Центарот за експертиза на Советот на Европа, кој им помага на земјите членки на Европската Унија да ги имплементираат принципите на добро владеење на сите владини нивоа и да ги промовираат европските стандарди и добри практики на сите нивоа.

На 16. Комитет за демократија и управување на Советот на Европа, се обратија и претставници од Украина, Малта, Грузија и Ерменија.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кисела Вода – Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со хрватската амбасадорка Нивес...

0
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка н.е. Нивес Тигањ, која повторно ја посети општината во рамки на...