spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаконот за потекло на имот ќе даде еден сериозен придонес во борбата...

Законот за потекло на имот ќе даде еден сериозен придонес во борбата против корупцијата и затоа е важно да биде прецизен и недвосмислен

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска присуствуваше на состанок на работната група која работи на подготовка на новиот Предлог закон за потекло на имот, кој се подготвува со поддршка на Делегацијата на Европската Унија и Советот на Европа.

Вицепремиерката Грковска истакна дека е многу важно да се подготви одржливо законско решение кое ќе даде соодветни резултати и затоа мора да се има внимателен пристап и да се подготви законско решение кое нема да остава простор за различна интерпретација.

„Сметам дека Законот за потекло на имот ќе даде сериозен придонес во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Добро е што во подготовката се вклучени експерти од сите области и што сите сме согласни дека до конечното решение мора да дојдеме низ еден сеопфатен и инклузивен процес. Важно е решенијата во законот да бидат прецизни, недвосмислени, да нема преклопување или контрадикторност со постојните законски решенија. Новата законска регулатива мора да биде применлива за да има големи ефекти во борбата против корупцијата”, оцени вицепремиерката Грковска.

На состанокот беше презентирана работната верзија на законското решение, по што се дискутираше за сите отворени прашања.

Свој придонес во процесот на подготовка дадоа и консултантите ангажирани од Советот на Европа, Мајкл Хопмиер и Лорна Харис.

Работната група за подготовка на Законот за потекло на имот ја координираат Советот на Европа и Кабинетот задолжен за политики за добро владеење, а е составена од претставници од Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Канцеларијата за поврат на имот, Граѓанскиот суд, Државната комисија за спречување на корупцијата, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи и Државно правобранителство.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...