spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Започнаа училишните спортски игри

Центар: Започнаа училишните спортски игри

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, официјално ја прогласи спортската манифестација „Училишни спортски игри“ за отворени и во оваа пригода ги поздрави присутните гости и сите учесници во натпреварите. Спортските игри денеска започнуваат со натпревар по кошарка во ООУ „11 Октомври“.

„Се надевам дека со овие училишни лиги ќе го подигнеме спортскиот дух кај основците и ќе го поттикнеме пријателскиот однос меѓу нив. Очекувам некој од вас да стане професионален спортист кој во блиска иднина ќе ги брани боите на нашата државна репрезентација, како што тоа го прават некои наши поранешни ученици и стипендисти“, изјави Герасимовски.

Училишните спортски игри во 8-те основни училишта во општината, се спроведуваат во натпревари во 4 спортови: кошарка, ракомет, фудбал, одбојка за девојчиња и шах. На крај на натпреварите ќе бидат прогласени најдобрите стрелци и играчи од секоја спортска дисциплина, а најдобрите екипи во своите училишта ќе однесат и медали и пехари.

Во рамки на денешното отворање на училишните спортски игри градоначалникот Герасимовски ги додели и стипендиите за спорт на учениците добитници. Општина Центар ќе продолжи да го поддржува спортот и здравиот развој на сите деца, а градоначалникот Герасимовски на учесниците на спортските игри им посака успех и на крајот на училишната година заедно да ги слават победите и заедно да им се радуваат на успесите.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте