spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири на координативен состанок со Делегацијата на ЕУ во Скопје за...

МОН: Шаќири на координативен состанок со Делегацијата на ЕУ во Скопје за креирање на повеќе нови законски решенија

Во насока на унапредување на правата и можностите на повеќе категории на граѓани во областа на образованието, МОН заедно со повеќе други институции, експерти, партнерски домашни и меѓународни организации, работи на креирање на повеќе нови закони. Наскоро ќе имаме нов Закон за стручно образование и обука, како и Закон за образование на возрасните. Тие се поставени на јавна консултација преку владиниот ЕНЕР систем, а имаме и првична верзија на новиот Закон за средно образование. Инклузивниот пристап кој го применуваме со сигурност ќе даде резултати, односно ќе овозможи усвојување на најдобрите верзии на правните решенија.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот координативен состанок со претставници на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија на кој се дискутираше за статусот на имплементација на проектните активности за реформи во секторот „Млади за ЕУ“, финансирани од Европската унија.

„Образованието е област на која сме особено посветени како Влада. Многу ресурси се сконцентрирани за унапредување на националниот образовен систем на сите нивоа и во сите сегменти. Делуваме од повеќе аспекти, преку подобрување на образовната инфраструктура, изработка на нови наставни програми и учебници особено во основното и средното образование, подигнување на мотивацијата на наставниците и креирање на нова законска регулатива која ќе надмине одредени бариери со кои сега се соочуваме“, рече Шаќири.

Министерот изрази благодарност до ЕУ, но и до УНИЦЕФ, УНДП, УСАИД, ОСЦЕ, Занаетчиската комора, Хелветас, стопанските комори, МЦГО и сите други домашни и надворешни поддржувачи кои учествуваат во креирањето и имплементацијата на политиките за развој на државата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...