Подготовката на Националниот план за управување со квалитет во јавниот сектор 2023-2025 година, беше тема на денешниот работен состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Ајтуг Гоксе, претставник на Светскиот економски форум (WEF).
Министерот Алити искажа благодарност за коректната и плодна соработка во процесот на подготовка на овој документ, истовремено разгледувајќи ги идните можности за продлабочување на соработката, што ќе овозможи развој на стратегии, дигитални трансформации и подобро владеење.
Се разговараше и за создавањето на екосистем и иновативни центри, преку технолошките компоненти, како и нивното значење во создавањето врски меѓу владите, бизнисите, академиите и граѓаните. Соговорниците се договорија да останат во постојана комуникација со цел преземање на следните чекори на соработка.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација