spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Реконструирани улиците ,,Благоја Гојан" и ,,Мегленска"

Кисела Вода: Реконструирани улиците ,,Благоја Гојан” и ,,Мегленска”

Од вчера , жителите од ,,Благоја Гојан” и ,,Мегленска”, за првпат по 50-тина години, ќе се движат по комплетно нови и реконструирани улици.

 

Финишираше реконструкцијата која години наназад беше само неисполнето ветување на реалната потреба на граѓаните од овој дел на градот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски кој денес изврши увид во завршните градежни активности им се заблагодари на жителите за трпението и најави дека во наредните денови се затвораат сите отворени позиции низ општината на кои се работи и истите ќе продолжат на пролет, кога тоа ќе го дозволат временските услови.

-Ништо не ме прави поисполнет од тоа да го гледам мојот народ среќен и задоволен!  Една таква среќна приказна има и за жителите од улиците ,,Благоја Гојан” и ,,Мегленска”, кои првпат по 50-тина години од денес ќе се движат по комплетно нови и реконструирани улици.

Ова беше нивно барање, децении наназад, да им се реши проблемот и да се обезбеди полесен пристап до нивните домови. Ветив, а денес тука сме сведоци на исполнување на нивното барање, бидејќи за мене не постои ништо поголемо од дадениот збор и пружената рака. Сакам да им се заблагодарам на сите за трпението и разбирањето во изминатиот период додека бевме во фаза на реконструкција на улиците. Свесен сум дека работните активности додава дополнителна доза на нервоза и нетрпеливост, но на крајот сето ова е за нив, за денес да ги немаат истите проблеми од минатото.

Во наредните денови ги затвораме сите отворени позиции на кои се работи и здравје, со Господ напред продолжуваме од пролет, кога временските услови ќе бидат погодни, со истото темпо во решавање на децениските проблеми на моите сограѓани. И многу повеќе од тоа! Ние создаваме иднина, а за нас – нека говорат делата- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...