Општина Илинден ги реализира отворените средби и консултации со граѓаните во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, заеднички го изготвуваме новиот Буџет за 2023 година.
Граѓаните на лична средба со градоначалникот Александар Георгиевски, ги презентираа своите идеи, потреби во функција на подобрување на квалитетот на условите за живот и брзо и квалитетно развивање на општината во модерно и урбано место за живеење.
Во транспарентниот процес на средба со граѓаните учествуваат сите стручни служби во Општина Илинден, сите предлози ќе бидат детално анализирани и согласно реално остварливите финансиски можности и издржливоста на проектите, истите ќе бидат имплементирани во програмата за работа.
Општина Илинден во изминатиот период презеде низа на активности преку кои активно се работи на транспарентноста и отчетност и во текот на утрешниот ден ќе организира нова средба со граѓаните од 11.00 до 14.00 во просториите на општината.
Извор: Општина Илинден