spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Граѓаните ги дадоа своите идеи и предлози за Буџетот...

Илинден: Граѓаните ги дадоа своите идеи и предлози за Буџетот во 2023 година, го слушаме гласот и работиме во служба на жителите

Општина Илинден ги реализира  отворените средби и консултации со граѓаните во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, заеднички го изготвуваме новиот Буџет за 2023 година.

Граѓаните на лична средба со градоначалникот Александар Георгиевски, ги презентираа своите идеи, потреби во функција на подобрување на квалитетот на условите за живот и брзо и квалитетно развивање на општината во модерно и урбано место за живеење.

Во транспарентниот процес на средба со граѓаните учествуваат сите стручни служби во Општина Илинден, сите предлози ќе бидат детално анализирани и согласно реално остварливите финансиски можности и издржливоста на проектите, истите ќе бидат имплементирани во програмата за работа.

Општина Илинден во изминатиот период презеде низа на активности преку кои активно се работи на транспарентноста и отчетност и во текот на утрешниот ден ќе организира нова средба со граѓаните од 11.00 до 14.00 во просториите на општината.

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...