spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Проект „Зелена Општина Илинден“, засадени нови садници во образовно спортската зона...

Илинден: Проект „Зелена Општина Илинден“, засадени нови садници во образовно спортската зона Илинден-Марино

Во рамки на континуираниот проект „Зелена Општина Илинден“ денеска е реализирана нова акција во која засадени се над 50 високо растечки декоративни дрвца од повеќе видови, во соработка со општествено одговорни компании со кои во следниот период ќе бидат засадени повеќе од 200 разни садници.

Екологијата и здравата животна средина е врвен приоритет во работата на Општина Илинден, денеска во образовно спортската зона Илинден-Марино кај спортската сала „Гоце Делчев“ и СОСУ „Илинден“ се спроведе еко акција во која се засадени разни декоративни високо растечки дрвца.

Во акцијата учествуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека обврска на секој од нас е активно да работи во подобрување на еколошката свест, тоа е природно добро од општ интерес,  воедно ќе придонесеме да имаме чист воздух и здрава животна средина.

Декоративни дрвца во акцијата „Зелена Општина Илинден“ засадија и учениците од трето одделение при ООУ „Гоце Делчев“ со своите наставници.

Општина Илинден и во иднина континуирано ќе работи на пошумување и  збогатување на шумскиот фонд што претставува продолжување на нашата акција „Зелена Општина Илинден“ која има приоритетно место во програмата за работа.

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте