spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Реализирана показна вежба за евакуација во случај на елементарни непогоди во...

Илинден: Реализирана показна вежба за евакуација во случај на елементарни непогоди во ООУ „Ристо Крле“, безбедноста на учениците е врвен приоритет

Општина Илинден во соработка со Црвен Крст на Град Скопје, Противпожарната бригада Скопје и припадници на МВР од полициската станица во Петровец, организираше и успешно спроведе симулациона вежба во ООУ „Ристо Крле“ од  Кадино во случај на елементарни непогоди.

Целта на вежбата беше запознавање на учениците со мерките за евакуација во случај на земјотрес и пожар.

Запознавање со процедурите на евакуација и спроведувањето на планот за заштита и спасување, е дел од мерките за едукативно и превентивно делување во подготовка на степенот на безбедносни мерки и заштита на учениците и вработените во услови на непогода.

Општина Илинден и градоначалникот Александар Георгиевски ја поддржа показната вежба, се грижиме за безбедноста на учениците и наставниот кадар со превентивни мерки при елементарни непогоди.

Симулацијата во која беа вклучени учениците и наставниот кадар при ООУ „Ристо Крле“ беше успешно изведена согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...