Градоначалникот Александар Стојкоски заедно со дел од администрацијата минатиот викенд ги прими сите граѓани кои дојдоа во општината со предлози и идеи за креирање на буџетската каса за следната година.
Граѓаните имаа одлични идеи за подобрување на инфраструктурата, образованието, културата, спортот… и ќе бидат земени во предвид. Идеата е да се креира граѓански буџет.
Општинскиот буџет и програмите за работа на секторите се на дневен ред на следната седница на Совет. Како и секогаш, седницата ќе биде отворена и јавно објавена.
Општина Ѓорче Петров продолжува и натаму да делува само транспатентно и отчетно и во интерес на граѓаните.
Извор: Општина Ѓорче Петров