spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот на Илинден на завршната конференција ,,Управување со отпад од стакло...

Илинден: Градоначалникот на Илинден на завршната конференција ,,Управување со отпад од стакло на Западен Балкан”

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Илинден” Борче Мицановски присуствуваа на завршната Конференција на проектот ,,Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, под слоганот ,,Ѕвончето те повикува – рециклирај стакло”.

На настанот на градоначалникот Георгиевски му беше доделена плакета за успешно спроведување на проектот во Општина Илинден, кој  се реализираше  во соработка со ЗЕЛС и ПАКОМАК, а со поддршка на германската развојна  соработка, што ја спроведува ГИЗ, заедно со партнери од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

На настанот беа претставени најважните достигнувања на проектот, при што беше истакнато дека контејнерите за рециклирање на стакло во вид на ,,ѕвоно” го зголемиле собирањето на стаклена амбалажа за 90%. Кога постојат посебни контејнери во населбите, граѓаните се повеќе подготвени за селектирање на отпадот. Со поставувањето на 1400 ,,ѕвона” во рамки на проектот забележано е зголемено собирање на отпад од стакло за цели 90%, во 14 пилот градови и општини во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Општина Илинден во рамки на проектот кој досега се спроведуваше има добиено 18 контејнери за рециклирање на стаклена амбалажа ,,ѕвона”, кои се распределени на повеќе локации на територијата на општината.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија