spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јакимовски во обиколка на спортскиот објект „Партизан“

Карпош: Јакимовски во обиколка на спортскиот објект „Партизан“

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски беше во обиколка на спортскиот објект „Партизан“ во Карпош 4, за да се запознае со динамиката со која се одвива реконструкцијата на салата.

Изведувачот го запозна градоначалникот со ситуацијата при што го информираше дека добро се напредува во реализацијата на зацртаниот проект за ревитализација на овој култен спортски објект за карпошани.

Очекувањата се дека спортската сала ќе биде целосно реконструирана и пуштена во употреба во текот на втората половина на следната година.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте