spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија

АХВ: Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија

Во рамки на Проектот „Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија“, што Агенцијата за храна и ветеринарство го имплементира со техничка поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), од 12 до 13 декември 2022, во Скопје се спроведе експертска мисија, во чии рамки се одржа работилница  со цел вклучување на научната заедница и институции во специфичната работа на Кодекс Алиментариус.

Во текот на експертската мисија учесниците беа запознати со улогата на науката во Кодекс, експертските тела на ФАО/СЗО (JECFA, JMPR, JEMRA, JEMNU), врската помеѓу различните тела на Кодекс и науката, процеси на проценка на ризик на меѓународно ниво, итн.

Настанот беше организиран во хибридна форма, при што за првпат на ваков настан учество земаа и експерти од Кодекс Секретаријатот, директно инволвирани во работата на Кодекс комитетите и научните тела, како и експерти од Светската здравствена организација (СЗО).

 

2

 

Покрај претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, на работилницата активно учество земаа и  претставници на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, Технолошко металуршкиот факултет, Факултетот за земјоделски науки и храна, Медицински факултет, Технолошко технички факултет – Велес и Фармацевтски факултет.

Работилницата ја отвори д-р Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство и национална Кодекс контакт точка на Северна Македонија, притоа истакнувајќи ја важноста на проектот, како и напредокот што Република Северна Македонија го има остварено во изминатиот период. Усвојување на меѓународни стандарди кои ќе придонесат за подобрување на конкурентноста на македонските прехранбени производи на европскиот и светскиот пазар, како и зајакнување на довербата на потрошувачите се само дел од придобивките од овој проект, истакна Бабовски.

 

3

 

Активностите продолжија со размена на искуства и знаење со Кодекс експертите и практични примери преку кои учесниците на работилницата добија увид во работата на научните тела Кодекс Алиментариус.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија