Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски оствари средба со министерот за млади и спорт на Република Србија Зоран Гајиќ.
На средбата беше анализирана актуелната состојба на спортот во двете братски држави, како и улогата на Србија која како лидер во спортот во регионот има важна улога во унапредување на меѓународната соработка во областа на спортот, како и потенцирање на вредностите кои спортот ги овозможува.
Посебен акцент беше ставен на реализација на програмите кои придонесуваат за продлабочување на меѓународната соработка и промоција на спортот во регионот, како една од главните алатки во обезбедување на позитивни ефекти во човековото живеење.
На средбата присуствуваа и државниот секретар во Министерството за спорт на Република Србија Марко Кешељ и помошник министерот Урош Прибичевиќ, кои имаа заеднички заклучок дека отвореноста и пријателството меѓу двата народа можат да дадат допринос во сеопфатното кооперативно партнерство меѓу двете земји.
Извор: Агенција за млади и спорт