spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Мојсовски на прием во Министерството за млади и спорт на Република...

АМС: Мојсовски на прием во Министерството за млади и спорт на Република Србија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски оствари средба со министерот за млади и спорт на Република Србија Зоран Гајиќ.

На средбата беше анализирана актуелната состојба на спортот во двете братски држави, како и улогата на Србија која како лидер во спортот во регионот има важна улога во унапредување на меѓународната соработка во областа на спортот, како и потенцирање на вредностите кои спортот ги овозможува.

Посебен акцент беше ставен на реализација на програмите кои придонесуваат за продлабочување на меѓународната соработка и промоција на спортот во регионот, како една од главните алатки во обезбедување на позитивни ефекти во човековото живеење.

 

На средбата присуствуваа и државниот секретар во Министерството за спорт на Република Србија Марко Кешељ и помошник министерот Урош Прибичевиќ, кои имаа заеднички заклучок дека отвореноста и пријателството меѓу двата народа можат да дадат допринос во сеопфатното кооперативно партнерство меѓу двете земји.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...