spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваБесими: Прераспределба на нови 112 милиони евра за справување со кризата обезбедени...

Бесими: Прераспределба на нови 112 милиони евра за справување со кризата обезбедени во Буџетот за 2022 година

Со прераспределбата на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите се обезбедија 7,25 милијарди денари или  118 милиони евра, првенствено за справување со енергетската криза, односно овозможување  сигурност во обезбедувањето електрична енергија за граѓаните и бизнисот, како и покривање на трошоците за електрична енергија на институциите со цел нивно непречено функционирање и давање услуги на граѓаните. Одлуката за прераспределбата на овие средства, беше усвоена од Собранието на РС Македонија.

„Со оваа Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за 2022 година обезбедуваме дополнителни средства за надминување на последиците од енергетската криза, подмирување на приоритетните обврски на буџетските корисници, пред сè по основ на електрична енергија, реализација на капиталните проекти во областа на културата,  патната, водоводната и спортската инфраструктура, обезбедување  дополнителни средства за исплата на државна помош и инфраструктурно уредување во зоните, обезбедување дополнителни средства во областа на здравството, социјалата и образованието за реализација на тековните програми, проекти и утврдени законски надлежности, дополнителни средства во областа на одбраната за модернизација и опремување на Армијата, исполнување на обврската за исплата на регрес за годишен одмор за вработените опфатени со Гранскиот колективен договор и сл.“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додаде дека со Одлуката се обезбедуваат дополнителни 1,72 милијарди денари во програмата за справување со кризи, средства за ЕСМ за обезбедување  електрична енергија од домашни извори, се обезбедуваат средства за покривање на трошоците за електрична енергија во клучни сектори за да не дојде до прекин на електричната енергија во тие институции, како и 186 милиони денари за студентски оброк.

Средствата се обезбедени врз основа на направени заштеди на ставки што не се приоритетни, и тоа врз основа на донесените владини  мерки и препораки за штедење, каде што има пониска реализација од планираната, како и од средствата што не се реализирани во програми согласно механизмот КАПЕФ.

Одлуката претставува продолжување на континуираниот ангажман на Владата за обезбедување средства за справување со кризата и нејзино надминување со што помалку последици. Ова е втора Одлука за прераспределба на средства, првенствено насочени кон справување со енергетската криза. Со првата беа обезбедени 5,15 милијарди денари, од кои 3,75 милијарди беа насочени за мерки за справување со кризата. Владата во текот на јули донесе и ребаланс на Буџетот за 2022 година со кој се обезбедија 4,7 милијарди денари за справување енергетската криза.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...