spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Инклузивните градинки се нашата цел, јавните детски установи се место за...

МТСП: Инклузивните градинки се нашата цел, јавните детски установи се место за сите деца

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера го посети објектот „Пчелка“ на јавната детска установа „Ангел Шајче“, во Куманово и донираше инклузивни сликовници со брајово писмо за децата со оштетен вид. Сликовниците се издадени од страна на Здружението на граѓани „Свет на Различни а Еднакви“.

Министерката на својата посета ја истакна важноста на инклузивните материјали во предучилишното згрижување на децата. Таа истакна дека заложбите на Министерството за труд и социјална политика за овозможување на пристап за секое дете во градинките се големи. Инклузивната средина, можноста секое дете да има пристап до едукативни материјали го поддржува развојот на детето и неговата полесна интеграција во социјалната средина.

 

Тренчевска посочи дека секоја градинка е место за секое дете и дека тоа ќе продолжи да биди позитивната пракса и во новите градинки кои се во план да се изградат во 2023 година.

Посетата на Министерката беше и во предновогодишен дух. Беше одиграна предновогодишна претстава од страна на Снежана Конеска – Руси која преку уметност им ги долови придобивките на инклузивните сликовници на децата и ја објасни нивната намена.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...