МТСП: За министерство за труд и социјална политика детската заштита е специфична и доста емотивна тема на која посветено работиме

МинистерстваМТСП: За министерство за труд и социјална политика детската заштита е специфична...

Најчитано

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера присуствуваше на тркалезната маса „Социјално и емоционално учење во раното детство“ организирана од страна на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ – Скопје. На тркалезната маса присуствуваа и Министерот за образование, Јетон Шаќири, Претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, директорот на Бирото за развој, Заќирија Хисани и други релевантни фактори. На тркалезната маса беше потпишана и заложбата за зајакнување на знаењата и компетенциите од областа на социјалното и емоционалното учење и развој во раното детство кај воспитувачи, одделенски наставници и стручни соработници преку моделот на учење во текот на целиот животен циклус.

„За нас како Министерство за труд и социјална политика детската заштита е специфична и доста емотивна тема на која посветено работиме. Нашите верни партнери кои и денеска се тука, УНИЦЕФ и секако академската јавност се страните кои несомнено придонесуваат кон работата на овој ресор на Министерството“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека заедничките заложби ќе продолжат и во иднина со една цел, која  како што посочи Тренчевска, порано и не се земала во предвид, а денес е неизбежен сегмент, тоа е социо-емоционалниот развој на децата.

 

„Сметам дека преку нашата меѓусекторска напорна работа на сите релевантни фактори што сме тука ќе спроведеме ефективни и ефикасни програми за социјално и емоционално учење кои промовираат позитивен развој во понатамошниот живот. Наша задача е да овозможиме улови за работа и да бидеме сигурни дека нашите деца нема да се плашат од светот и дека полесно ќе се соочуваат со предизвиците по напуштање на шарените врати на градинките “ истакна Тренчевска.

Таа нејзиното обраќање го заврши со мислата дека само преку социо-емоционално учење и меѓусекторски пристап воспитно – образовните установи ќе продуцираат кадри кои ќе бидат стабилни, активни и самосвесни граѓани кои се дел од лицата кои ќе ја унапредуваат иднината на државата.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе