spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: На покривот на средното училиште во Илинден поставени фотоволтаични панели

Илинден: На покривот на средното училиште во Илинден поставени фотоволтаични панели

На покривот на СОСУ ,,Илинден” се поставени фотоволтаични панели, односно, фотоволтаична централа за производство на електрична енергија, во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија.

Увид во работните активности направија градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на средното училиште, Зоран Арсовски, кои истакнаа дека со поставувањето на фотоволтаичната централа ќе се придонесе во заштеда и намалување на трошоците за електрична енергија.  Со поставувањето на овој прототип, преку партиципативен пристап со учество од сите засегнати страни може да произлезат иновативни решенија кои се применливи на локално ниво.

Фотоволтаичната централа за производство на електрична енергија е со моќност од 39KW, во целост ќе ги задоволи потребите на средното училиште од електрична енергија, а во летните денови  вишокот на енергија ќе се враќа во енергетската мрежа на ЕВН.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...