МОН: Шаќири – Преку реформи градиме европско образование, како најдобра инвестиција во човечки ресурси

МинистерстваМОН: Шаќири - Преку реформи градиме европско образование, како најдобра инвестиција во...

Најчитано

Министерството за образование и наука со крупни реформски чекори го модернизира воспитно-образовниот систем во согласност со европските трендови. Основа за активностите е Стратегијата за образованието на Република Северна Македонија 2018-2025 година со Акцискиот план, а Министерството е активно вклучено и во изработката на три значајни стратешки документи: Национална стратегија за млади 2023 – 2027,  Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023 – 2030, како и во 20-годишната Национална развојна стратегија.

На настанот посветен на Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири посочи дека образованието е клучно во градењето човечки ресурси, што е најважен фактор за напредок на општеството.

„Системски насочените реформи ги почнавме од основното образование.  Со 8.Национални стандарди се определени компетенциите кои треба да ги стекнат учениците на крајот на основното образование и во нив се вградени клучните компетенции за доживотно учење што се опфатени во Препораката на Советот на Европската Унија од 2018 година. Од образовен систем втемелен на помнење, градиме систем кој поттикнува критичко мислење, при што наставникот не е принуден да се држи до реализирање на напишаното во учебникот, туку има автономија во изведување на наставата и користење на материјали за учење“, појасни министерот Шаќири.

На панел дискусијата тој говореше и за промените со кои средното стручно образование се доближува до барањата на пазарот на труд и најави дополнително јакнење на дуалното образование и носење на нов Закон за стручно образование и обука.

„Многу значаен процес што е во тек, е модифицирањето на моделот за распределба на средствата за финансирање на работата на основните и средните училишта, како компонента што е покриена со кредитна поддршка на Светска банка и опфаќа нова формула по која ќе се распределуваат средства од државниот буџет на општините на праведен начин и ќе се стимулира развојот на образованието на локално ниво. Изработени се и предлози за оптимизација на училишната мрежа, што како процес ќе се спроведува до 2026 година, и се очекува да резултира со подеднакви и правични образовни и инфраструктурни услови за учење за сите деца во земјата, со оптимални финансиски ресурси“, рече Шаќири.

Во високото образование како главни предизвици ги наведе зголемувањето на бројот на факултети со меѓународна акредитација и реализацијата на квалитетни студиски програми, додавајќи дека ова е обврска на Агенцијата за квалитет во високото образование, при што процесите дополнително ќе ги поттикне и  Новиот закон за високо образование, чија подготовка е во фаза на анализа на предлози доставени од релевантните чинители, по што новата регулатива ќе оди на владино читање.

За двете нови категории стипендии воведени од оваа академска година министерот укажа дека се резултат на недостигот на кадар за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно, како и за студиските програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија. За студирање на реномирани странски универзитети студентите можат да добијат стипендии за покривање на школарината, трошоците за живот и сместување, како и трошоците за превоз.

Во процесите на ЕУ интеграции, Министерството за образование и наука ќе продолжи со интензивно вложување во човечки ресурси, преку квалитетното образование кое ќе им овозможи на децата и младите стекнување на знаења, способности и вештини како влог во успешната иднина на секој ученик и на општеството во целина.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе