spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Усвоен буџетот за 2023 година

Гази Баба: Усвоен буџетот за 2023 година

Советот на општина Гази Баба на вчерашната редовна седница го усвои буџетот на општина Гази Баба за 2023 година, со кој ќе обезбедиме подобри услови за сите граѓани.

Овој буџет е концепиран согласно реалните барања на граѓаните и истиот е резултат на сеопфатен граѓански дијалог во рамки на кој остваривме средби со граѓани во сите Урбани и Месни заедници, како и средби со стопанството и сите советнички групи во Советот на општината.

Со денешниот буџет определени се средства за:

– Нова детска градинка во Трубарево;

– Нова училишна сала во ООУ Наум Охридски во Булачани;

– 12.000.000 денари за обезбедување на бесплатни униформи за сите ученици во општина Гази Баба;

– 73.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на локални улици;

– 0.000.000 денари за изградба на атмосферска канализација на Јордан Поп Јорданов во Маџари;

– 11.000.000 денари за нови спортски терени на вештачка трева и тартан подлога

– 7.000.000 денари за изградба на нови детски забавни катчиња;

– 7.000.000 денари за изградба на нови спортски терени на местото на старото училиште Вера Јоциќ во Хиподром;

– 3.500.000 денари за нови паркинг места на улица Лазар Поп Трајков во Автокоманда, како и средства за изработка на сообраќаен проект за воведување на зонското паркирање;

– 9.000.000 денари за дирекна финансиска помош на спортот во општината;

– Определени се и средства за субвенции на граѓаните за инвертер клима уреди, печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, како и субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата и чистење на оџаците;

– Обезбедени се средства и за финансиска поддршка за реконструкција на лифтови и финансиска поддршка за реконструкција на кровови;

– Усвоивме развојна повеќегодишна програма за обезбедување на средства за продолжување на изградбата на нова мрежа на фекални канализации, но и многу други проекти;

 Најголемиот дел од буџетот е наменет за реализација на капиталните инвестиции.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...